Terms and conditions

1. EESTEC LC Skopje со седиште на ул. Руѓер Бошковиќ б.б., Скопје, организира 7 дневен натпревар за стартап концепти со име “Code App Level Up” ( “CALU”).

2. Учеството во CALU е предмет на почитување на условите и  правилата утврдени во овој документ, кои сите учесници ги прифатиле при поднесувањето на нивните апликации, како и овластување на ЕЕСТЕК Скопје за обработка на лични податоци и искористување на видео и други слики создадени за време на настанот. Право на учество на овој CALU имаат само полнолетни лица.  Учесниците кои не ги почитуваат одредбите на овие услови ќе бидат отстранети од настанот, како и оние кои го попречуваат и / или се обидуваат да го компромитираат правилното функционирање на процесот на судењето или исходот на настанот како целина преку измамничко или друго забрането однесување. ЕЕСТЕК Скопје, не носат никаква одговорност за загуби или штети што ќе ги нанесат учесниците на CALU, освен во случај на небрежност. Овие услови се применуваат исклучиво за учесниците на CALU што ќе се одржи во Иннофеит, Скопје од 15ти до 21 Април 2019 година.

3. Интелектуалната сопственост останува на учесниците. Учесниците прифаќаат дека ќе работат на развивање на сопствени решенија/прототипи за време на CALU и дека таквите решенија може да бидат слични или идентични по тема, идеја, формат или друго со другите развиени на овој CALU.

4. Учесниците гарантираат дека (i) прототипот е нивна оригинална работа и е развиен и за прв пат презентиран од нив за време на овој CALU, (ii) прототипот не ги крши или повредува интелектуалната сопственост, сопственички или други права на било кое трето лице, (iii) учесниците јасно ги идентификуваат правата на трети лица, како и применливите услови за лиценца и други детали кои се однесуваат на употребата на истите (iv) ги поседуваат и ги контролираат сите права неопходни за да ја префрлат интелектуалната сопственост на прототипот од апликацијата неотповикливо и без ограничување на организаторите и (v) објавувањето на апликацијата преку разни медиуми, вклучувајќи веб-објавување и социјални медиуми, нема да ги наруши правата на трети лица.

5. На CALU ќе има една победничка идеја и евалуација за истата ќе биде базирана на следните критeриуми:

  • Валидација ( Дали е направена јасна дистинкција меѓу problem space и solution space на клиентите? Колкава е болката кај клиентите? Дали постои критчна маса на клиенти? Дали решението е валидирано? Со колку корисници е тестиран концептот? Колку се подобриле по истражувањето?)
  • Тим ( Дали квалитетен човечки капитал во тимот? Дали сите во тимот ги извршуваат задачите? Дали тимот гради синергиски ефект? Дали тимот е мултидисциплинарен и комплементарен? Дали тимот има и hipster и hustler и hacker?)
  • Егзекуција (Дали тимот има подготвен прототип? Колку е развиено решението? Дали решението може веднаш да се пласира?)
  • Бизнис модел (Колку е решението апликативно на пазарот? Дали е јасно како и колку средства ќе генерира решението? Колкава е цената за аквизиција на клиенти? Дали постои стратегија за освојување на early adopters? Дали бизнис моделот е скалабилен?)
  • Имплементација (Дали решението е апликативно? Дали може да се имплементира веднаш?)
  • *Конечниот резултат е детерминиран од средната вредност на овие пет критериуми.

6. EESTEC ќе го објави наградниот фонд на Facebook страната на ЕЕСТЕК како и на calu.mk до 15ти Март 2019та година.

7. Со регистрирање и учествување на овој CALU учесниците се согласуваат на овие правила и услови:

– Се согласуваат на овие правила и услови и дека ќе ги почитуваат во целост

– Се согласуваат дека одлуките на на Судскиот панел избрани од организаторите, се конечни и обврзувачки во врска со изборот на наградата што се доделува

– Се согласуваат да не користат или промовираат навредливи искази, непристоен, или (кој било) друг недозволен материјал во нивните прототипи;

– Се согласуваат да испратат CVa на сите учесници во процесот на апликација. Се согласни CVaта да бидат споделени со спонзорите на настанот.

– Се согласуваат дека нивното учество во CALU нема да ја прекрши ниту една обврска за доверливост или договорни права на која било трета страна и дека со нивното учество не прекршуваат никаков закон, договор или пропис;
– Се согласуваат да:

  • се пријавуват како група од 3 до 4 партиципанти испраќајќи CVa
  • минимум 50% од групата да се студенти
  • Во процесот на аплицирање испраќаат видео со нивната идеја start up и подготвуваат Lean Canvas https://canvanizer.com/new/lean-canvas

8. Овие правила и услови се регулирани со законите на Република Македонија. Скопските судови имаат исклучива надлежност да го разгледуваат секој спор или барање што произлегуваат во врска со CALUот или овие Услови и правила.