Апликација за CALU 5 и EESTEC Startup Academy

Code App, Level Up 5 – Startup Edition е петтата мини јубилејна едиција на еден од најуспешните студенски настани кај нас. Code App, Level Up е организиран од студентската организација EESTEC ЛК Скопје.

Овогодинешното издание на CALU е посветено на поттикнување на претприемништвото на македонските студенти. Ќе се работат софтверски решенија кои што воедно ќе треба да имаат и солиден бизнис план во позадина. 32 учесници поделени во тимови од 3 до 4 членови (најмалку двајца студени во тим) ќе работат на своите идеи 6 дена а ќе се натпреваруваат на финалето на 21ви Април.

Целта на оваа работилница е студентите да се стекнат со искуство кое ќе им служи како огромен катализатор за нивните кариери во иднина.

Секој од пријавените тимови ќе добие ментор од Macedonian Allstar Startup менторскиот тим кој што го обезбеди EESTEC. Директори на компании, основачи на компании, сериски претприемачи, претставници на VC фондови и директори на маркетинг одделенија ќе бидат само дел од менторите кои што ќе ги водат тимовите на CALU кон нивната цел.

На финалниот натпревар ќе бидат присутни инвеститори спремни да ги поддржат квалитетните идеи.

За да се аплицира на CALU 5 потребно е да се прати Lean Canvas (https://canvanizer.com/new/lean-canvas) и кратко видео (до 2 минути) на marija@calu.mk до 15ти март 2019 година.

EESTEC Startup Academy

За сите кои што се заинтересирани да го совладаат Lean Canvas и да подготват подобри апликации можат да аплицираат на подготвителниот настан – EESTEC startup academy.

Неполна недела пред крајниот рок за аплицирање на CALU 5 на 9ти март (сабота) од 11:00 до 19:00 ќе се оддржи подготвителен настан EESTEC Startup Academy. Настанот има за цел да ги води пријавените партиципанти кон создавање на квалитетни бизнис модели.

За EESTEC Startup Academy се обезбедени реномирани предавачи и квалитетни материјали. Учеството на овој настан е бесплатно а во рамките на него учесниците секако ќе бидат почастени со оброк и освежување.

Бројот на учесници на EESTEC Startup Academy е ограничен и за да обезбедите место аплицирајте на следниот линк:
https://bit.ly/2Fa4mRj

Крајниот рок за аплицирање на CALU 5 е 15.03.2019, крајниот рок за аплицирање на EESTEC startup academy e 5ти март.