Што е CALU?

Code App, Level Up 5 – Startup Edition е петтата мини јубилејна едиција на еден од најуспешните студенски настани кај нас. Code App, Level Up е организиран од студентската организација EESTEC ЛК Скопје и секоја година има своја тема.

Овогодинешното издание на CALU е посветено на поттикнување на претприемништвото на македонските студенти. Ќе се работат софтверски решенија кои што воедно ќе треба да имаат и солиден бизнис план во позадина. 32 студенти ќе земат учество поделени во тимови од 3 до 4 членови. Целта на оваа работилница е студентите да се стекнат со искуство кое ќе им служи како огромен катализатор за нивните кариери во иднина. 

На досегашните изданија на CALU учествувале над 200 млади студенти од кои над 40 интернационални. На голем дел од студентите учеството на оваа работилница им беше дефинирачки момент во кариерата каде што се запознаа со своите идни работодавци.

CALU 5 е работилница која се состои од два дела, едукативен дел и практичен дел. И двата делови се поделени на три области кои студентите ќе треба да ги комбинираат за да успешно ги реализираат своите идеи.

  • Дизајн на Веб платформа
  • Развој на Веб платформа
  • Изработка на Бизнис модел, pitching на проектот пред инвеститори и акцелератори

За време на едукативниот дел, студентите ќе се стекнат со нови знаења од областа која ги интересира, а за време на практичниот дел ќе треба тие знаења да ги интегрираат во проект кој ќе го презентираат за време на финалниот настан.