Startup Academy

Vip Startup Academy

Во склоп на овогодинешното издание на Code App Level Up 5: Startup Edition Powered by Vip, EESTEC LC Skopje ви го најавува настанот Vip Startup Academy кој ќе се одржи на 16 март, во 12 часот во главната зграда на Вип.

Vip Startup Academy ви нуди можност да добиете совети како да го изградите патот кон успехот и да дознаете како да започнете сопствен бизнис. Ќе дознаете како да направите
бизнис план и видео преку кое би ја претставиле вашата идеја. На наше и на ваше задоволство, предавачи ќе бидат основачите на најуспешните македонски стартап компании. Преку предавањата потенцијалните учесници на Code App Level Up 5: Startup Edition ќе добијат корисни информации кои ќе им помогнат во процесот на понатамошно аплицирање.

Сите заинтересирани кои сакаат да бидат дел од Code App Level Up 5: Startup Edition, но и да научат повеќе за предизвиците на стартап бизнисите, сега имаат единствена можност да се пријават и да бидат дел од овој еднодневен настан. Аплицирањето и учеството се целосно бесплатни, а сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк: https://goo.gl/forms/kqiccKwS0QYYJkdW2