CALU5: Startup Edition

CALU – официјално објавен на прес конференција

EESTEC LC Скопје официјално го објави настанот Code Аpp Level Up 5 : Startup Edition на прес конференција која се одржа во Стопанската Комора.

Натпреварот „Code App Level Up“ кој ќе се одржи од 15 до 21 април во Стопанската Комора на Македонија, ќе им овозможи на студентите преку стручни работилници и со помош на истакнати ментори да развијат бизнис план или сопствен производ кој би бил применлив во стопанството.

„Претприемништвото е она кон кое младите веќе треба да се вртат. На техничкиот кампус годишно завршуваат по 300 студенти, а според податоците на МАСИТ, во текот на годината се регистрираат над 400 ИТ компании. Тоа значи дека перманентно имаме недостиг на кадар, а и оној што е на располагање, во големот дел од случаите, за жал, работи аутсорсинг или подизведувач за други фрими“, истакна претседателот на EESTEC LC Скопје Илија Лалковски.

„Информатичките науки се одлична шанса за младите. Дефинитвно ИТ е една од најбрзорастечките индустрии во земјава, а платите се секогаш компетитивни и се зголемуваат. Стануваме еден од старт-ап центрите во Европа, но тоа мора да се развива и надградува”, дополни Стефан Митески – алумни член на EESTEC LC Скопје и сопственик на своја компанија.