Code App, Level Up

Code Аpp, Level Up 4 е настан кој следи по три претходно успешно реализирани настани од овој вид и претставува интернационален едукативен семинар за студенти. На ова издание на CALU ќе биде обработена тематиката „Општествено одговорини веб страни“, каде студентите преку академски предавања и работилници ќе имаат можност стекнатите знаења да ги искористат при реализација на сопствените веб страни.

Преку овој настан студентите би добиле квалитетна обука во следните области:

- Дизајн на веб платформа (Front-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за дизајн на веб страни, како што се: Bootstrap, Angular 2 и JavaScript.

- Развој на веб платформа (Back-end) – каде би се запознале со технологии кои се користат за развој на веб страни, како што е: ASP .Net и Јava Spring.

Со учество на настанот студентите би имале можност да развијат сопствена веб страна која преку своите функционалности би помогнале на општеството, како и каузите за кои ќе бидат наменети како: вдомување на миленик, помош на социјално ранливи категории на лица, помош на лица со посебни потреби, донирање на средства за болни лица, донирање на средства за лица кои доживеале катастрофа од временски непогоди, заштита на околината во која живееме, прочистување на воздухот и подигање на свеста на загадувачите, глобално затоплување и слично. Воедно семинарот е поддржан од апликацијата Мој Воздух. Настанот има за цел да ги поттикне учесниците активно да продолжат со создавање на висококвалитетни веб апликации во понатамошниот професионален живот, како и можност на истите да им го дадат потребниот визуелен изглед. “Code App, Level Up 4” е работилница од интернационален карактер во којашто голем број учесници од Македонија ќе имаат можност да остварат соработка со студенти од цела Европа и да разменат знаење и идеи.

Сребрен Спонзор

Спонзори

Поддржувачи

Медиумски Поддржувачи

EESTEC LC Skopje

EESTEC (Electrical Engineering STudents’ European assoCiation) е невладина, непрофитабилна организација на студенти од факултетите за електротехнички и компјутерски науки. Во Скопје постои 14 години и претставува една од најбројните и најдобро организираните студентски организации кои функционираат на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Целта на организацијата е да воспостави контакти помеѓу самите студенти како и помеѓу студентите и нивните идни работодавачи. Интернационалните собири, организирани од локалните комитети на EESTEC имаат за цел да ги развијат и подобрат организационите и комуникациските способности на идните инженери, како и да се воспостави размена на идеи и техничко знаење

За да дознаете повеќе за EESTEC LC Skopje следете не на социјалните медиуми.